top of page

Што се VERSA POINTS (VP)?

 

Прва важна работа која треба да ја знаете за оваа компанија, се поените VERSA POINTS (VP), овие поени се показател за вашата работа, и преку нив се вреднува вашиот труд. На основа на заработените VP на крај на секој месец се пресметува вашата заработка.



 

 

 

Како еден од системите на Network Marketing, во SFI се применува одреден метод на бодирање на работата на партнерите преку поените. Овие поени се нарекуваат Versa Points, или скратено VP. Тие се пресметуваат на месечно и глобално ниво и нивниот број можете да го видите покрај Вашата слика на страницата na SFI. Месечните поени се акумулираат од првиот до последниот ден од тековниот месец, потоа поените се ресетираат и следниот месец почнувате со 0 VP. Нема пренесување поени од еден во друг месец. Детален увид во состојбата со овие поени можете да видите на Hot Spots > VP Ledger.


 

 

 

 

Важно е да се напомене дека месечно потребни ви се минимум 1500 VP за да стекнете право на исплата. Но истотака штом ќе соберете 1500 VP добивате и статус на Executive Affiliate (EA). Со овој статус и бројот на вашите бодови, покрај другите бенифиции во системот, учествувате и во делбата на профитот на SFI.

Но, вообичаено тоа не се големи пари. Обично ~1500VP носат заработка од околу 1$!
Па, каде е тука логиката, каде се тука парите? Каков е овој систем?

Системот на наградување во SFI ве стимулира не само да рекламирате производи, туку и да зачленувате други во SFI и на тој начин да градите своја структура. При тоа, ако сте тим лидер, во исплатата која се пресметува на крајот на месецот, во пресметката ви се рачунаат вашите VP + VP кои ги освоиле сите што имаат статус ЕА втор месец и тим лидерите. Пресметувањето е до различно ниво на длабина во структурата која ја имате. На Bronze Team Leader (BTL) му се пресмтува до шесто ниво длабина во структурата, Silver Team Leader (STL) до осмо, Gold (GTL) до десето, а Platinum(PTL) до дванаесетоto. На овој начин, кога ќе изградите ваша структура, лесно  можете да освоите десетици, па и стотици илјади дури и до милиониVP.

Колку носи еден VP?
Тоа никој не може да Ви го каже. Неговата вредност зависи од добивката која ја направила фирмата во дадениот месец поделено на вкупниот број на VP освоен за истиот. Секој месец е различен. Но во секој случај, колку повеќе бодови освоите, толку поголема ќе биде вашата заработка.

bottom of page